• сабота, 29 јуни 2024

Во Штип одбележан Светскиот ден на водите

Во Штип одбележан Светскиот ден на водите

Штип, 21 март 2024 (МИА) - Преку презентација на тема „Водата ја штеди затоа што пари вреди“ во Општина Штип учениците од петете основни училишта се запознаа со начините како да се заштеди водата. Презентацијата се реализираше во пресрет на одбележување на Светскиот ден на водите, 22 март.

Комуналниот инспектор во Општина Штип, Борче Везенков вели дека големите загуби на вода се секојдневие, и токму затоа треба да се работи на подигање на свеста кај граѓаните да ја штедат водата, а тоа најлесно може да се постигне ако свеста започне од децата.

-Се одржа кратка презентација на децата од основните училишта како да ја штедиме водата, бидејќи знаеме дека имаме големи загуби на вода и истата треба да ја штедиме.  Една третина од популацијата нема чиста вода за пиење. Токму затоа водата треба да се штеди пример кога се мијат заби, кога се полеваат цвеќиња и слично, вели Везенков.

 Светскиот ден на водата се одбележува секоја година низ целиот свет на 22 март со цел да се потенцира важноста на водата и да се подигне свеста за кризата со вода со која се соочува светот. Резолуцијата за одбележување на Светскиот ден на водата беше усвоена од Генералното собрание на ООН на 22 декември 1992 година, по што 22 март беше прогласен за Светски ден на водата и се слави низ целиот свет од 1993 година. вдј/дма/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан