• сабота, 18 мај 2024

Во Шпанија ученик со нож избодел двајца врсници и двајца професори

Во Шпанија ученик со нож избодел двајца врсници и двајца професори

Мадрид, 28 септември 2023 (МИА) - Училиште во јужна Шпанија е евакуирано откако ученик избодел двајца врсници и двајца професори.

Нападот се случил рано утринава во Институтот Елена Гарсија Армада во Херез де ла Фронтера, а се сомнева дека има уште неколку повредени студенти. Еден од учениците рано утрото избодел неколку професори и соученици, а потоа бил уапсен. Според полициски извори, напаѓачот употребил нож.

Енрике Галего, новинар на ТВ Херез, изјави дека училишни извори веруваат дека ученикот дошол на час наутро и извадил голем нож од ранецот. Потоа продолжил да ги „боде сите што минувале“. Училиштето во моментов е во блокада и неколку амбулантни возила се присутни додека на настраданите им се пружа помош. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан