• четврток, 19 декември 2024

Во Чешка Ден на жалост за жртвите од пукањето на Карловиот универзитет

Во Чешка Ден на жалост за жртвите од пукањето на Карловиот универзитет

Прага, 23 декември 2023 (МИА) - Во Чешка денеска е Ден на жалост, откако 24-годишен студент во четвртокот во пукање на Карловиот универзитет, уби 14 и рани 25 лица, а потоа си го одзеде животот.

Претседателот Петр Павел и други државни функционери се очекува да присуствуваат на мисата за загинатите во катедралата Свети Вит денеска во 11 часот, јавува Радио Праг интернешнл.

Знамињата низ цела Чешка се спуштени на половина копје, а црковните ѕвона ќе бијат напладне и ќе има едноминутно молчење низ целата земја за загинатите.

Во Прага, како и во другите чешки градови, мерките за полициски надзор се засилени, а полицајци патролираат по улиците пред божиќните празници, ги надгледуваат пазарите, трговските центри и другите места каде што се собираат голем број луѓе.

Културните настани за време на божиќниот викенд се откажани, а сите јавни настани ќе започнат со едноминутно молчење. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан