• петок, 21 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Израелската војска соопшти дека пресретнала ракета лансирана од Јемен

Израелската војска соопшти дека пресретнала ракета лансирана од Јемен

Тел Авив, 18 март 2025 (МИА) - Израел пресретна ракета лансирана од Јемен пред да може да влезе на израелска територија, соопшти денеска војската.

Според армијата, нападот предизвика аларм за воздушен напад во централниот и јужниот дел на Израел.

Првично нема извештаи за жртви или материјална штета.

Тоа доаѓа откако САД продолжија да ги гаѓаат јеменските бунтовници Хути со воздушни напади во текот на ноќта, соопшти американската централна команда или ЦЕНТКОМ.

Хутите се сојузници со палестинските екстремистички групи во Газа, која беше цел на масовни обновени израелски напади денеска. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан