• вторник, 14 мај 2024

Во Турција се урна воен тренажен авион

Во Турција се урна воен тренажен авион

Анкара, 14 март 2024 (МИА) - Воен авион за обука се урна денеска во централниот дел на Турција, јави Анадолија.

Авионот од засега непознати причини се урна во провинцијата Коња.

Во регионот се испратени голем број медицински и противпожарни екипи.

Се дознава дека пилотот се катапултирал од авионот пред падот.

Според гувернерот на Коње, Вахдетин Озкан, загинал работник кој користел градежна машина на градилиштето каде се урнал авионот. ссм/

фото: принтскрин

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан