• понеделник, 23 декември 2024

Грузија го усвои контроверзниот закон за „странски агенти“, што предизвика хаос во земјата

Грузија го усвои контроверзниот закон за „странски агенти“, што предизвика хаос во земјата

Тбилиси, 14 мај 2024 (МИА) - Грузискиот парламент го усвои контроверзниот закон за „странски агенти“ и покрај големото противење на граѓаните и предупредувањата од Европската унија дека неговото донесување ќе ги загрози шансите на земјата да се приклучи на заедницата.

Новиот закон ќе бара организациите кои добиваат повеќе од 20 отсто од своето финансирање од странство да се регистрираат како „агенти на странско влијание“ или ќе се соочат со високи казни. Противниците велат дека законот е направен според слични закони во Русија кои Кремљ ги користеше за да ја задуши опозицијата и граѓанското општество.

Многу Грузијци стравуваат дека законот за странски агенти ќе се користи на ист начин во нивната земја. Масовните демонстрации со денови го парализираат главниот град Тбилиси.

Владејачката партија „Грузиски сон“ која го протурка законот, возврати на критиките, соопштувајќи дека овој потег ќе ја промовира транспарентноста и националниот суверенитет.

Грузискиот парламент сега има 10 дена да го испрати законот до претседателот Саломе Зурабичвили, која веќе вети дека ќе стави вето. Претседателката има две недели да го стори тоа, но парламентот може да го поништи нејзиното вето  со ново гласање, овојпат со просто мнозинство. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан