• сабота, 13 април 2024

Во Тетово презентирана беше нова студија за развој на планинарско-рекреативно патеки на Шар Планина

Во Тетово презентирана беше нова студија за развој на планинарско-рекреативно патеки на Шар Планина

Тетово, 29 февруари 2024 (МИА) - Планинарскиот клуб Љуботен од Тетово и Национален парк Шар Планина вчера одржаа презентација студија, стратегија и публикација кои се насочени кон развој на заштитено подрачје како и формирање на бази со податоци.

Создадени се Пилот-студијата за планинско рекреативните патeки на НП Шар Планина, стратегија за работа на Инфо Центарот за Шара на ПК Љуботен и публикација со заклучоци од студиските посети и работилниците. 

Пилот студијата е главниот изработен документ, направен согласно планот за менаџирање на националниот парк и таа е насока или водич во насока на изработка на нови студии за планинските патеки во рамки на заштитеното подрачје.

-Студијата ќе овозможи еднаш засекогаш да се воспостави некој ред на Шар Планина и од тоа ќе може Национален парк да знае кој се наоѓа на патеките, кој каде се движи и што прави.  Пример се земени шест планинско-рекреативни патеки низ Шар Планина. Студијата ќе биде основа за формирање или уредување на нови планинско-рекреативни патеки, пример едукативни за деца, или екстремни патеки за поискусни планинари, изјави Јован Божиновски од ПК Љуботен.

Студијата се дели повеќе области.

-Има основен информативен дел за Шар Планина, потоа анализа за инфраструктура, насоки како да се треба да се уреди една планинско-рекреативна патека и кои се нивните цели, како се маркира, како се уредува, и како се дефинира тежински и туристичка валоризирање или категоризација. На крај имаме и една база на податоци, табела со елаборати на патеки, изјави Јован Божиновски.

Изработените документи се резултат од проектот „Инфо Центар за Шар Планина – линк помеѓу чинителите во заштитеното подрачје“ поддржан од организацијата ПОНТ, кој проект планинарскиот клуб „Љуботен“ го имплементира во соработка со Националниот Парк „Шар Планина“.ас/са/

Фото: ПК Љуботен 

Остани поврзан