• петок, 22 ноември 2024

Во тек e конкурсот за избор на најубаво уреден двор во Делчево

Во тек e конкурсот за избор на најубаво уреден двор во Делчево
Делчево, 17 мај 2021 (МИА) - Во рамките на кампањата „Заедно до поубаво Делчево“ во тек е конкурсот за најубаво уреден двор во општината. Активностите, како што информираат оттаму, се да се наградат индивидуалците институциите или фирмите кои со својот труд и креација, преку уредување на дворните површини придонесуваат за поубаво Делчево.
- Целта на оваа акција е сите заедно да придонесеме за поубаво Делчево, но и како Општина сакаме да ги наградиме граѓаните и фирмите за својата улога во разубавувањето на градот, а од друга страна и да ги мотивираме сите граѓани на Делчево, да дадат свој придонес за негово разубавување, истакнаа од општината.
На Јавниот конкурс кој е објавен денеска на веб-страницата на Општина Делчево, како што додадоа, ќе можат да се пријават сите граѓани кои сметаат дека нивното дворно уредување заслужува внимание, но и сите граѓани кои се воодушевуваат на дворот на пријател или сосед, кој имаат право да го пријават за да учествува на изборот за најубаво уреден двор во Делчево.
- Конкурсот ќе биде отворен до 1 јуни 2021 година, период кој сметаме дека е доволен за заинтересираните граѓани да ги направат потребните подготовки и да ги уредат дворовите. Пријавата може да се достави до Архивата на Општина Делчево, или да се симне од веб-страницата delcevo.gov.mk и електронски да се се испрати на е-маил info@delcevo.gov.mk. Комисијата формирана од стручни лица потоа ќе ги посети пријавените дворови и ќе го оценува уредувањето на дворните површини, додадоа од Општина Делчево
За сопствениците на најдобро уредени дворови, Општина Делчево има предвидено награди во две категории, и тоа, за индивидуално домување предвидени се три награди од по 10.000, 3.000 и 2.000 денари и за колективно домување и стопански субјекти награда од 10.000 денари. Изборот на најубаво уреден двор локалната самоуправа го организира четврта година по ред. вс/ар/

Остани поврзан