• понеделник, 23 декември 2024

Во Струмица одбележана годишнината од смртта на Гоце Делчев

Во Струмица одбележана годишнината од смртта на Гоце Делчев

Струмица, 4 мај 2024 (МИА) - Со полагање цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Струмица беше одбележана 121 годишнината од загинувањето на апостолот на македонското револуционерно движење.

За животот и делото на Делчев говореше градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

- Македонија и македонските граѓани не паметат потраорен ден, од тој судбоносен 4 мај 1903 година. Воопшто не е мал списокот од револуционерни имиња и презимиња кои ја задолжиле татковината со своето дело, но се чини дека името на Гоце Делчев го заслужи самиот врв, рече Костадинов.

Цвеќе пред споменикот положија членови на Советот, претставници на политички партии и здруженија од општината, а стихови инспирирани од делото на Делчев рецитираа членови од рецитаторската секција при Домот за деца и млади „Благој Јанков Мучето“. рт/бак/

Фото: Општина Струмица

Остани поврзан