• среда, 01 мај 2024

Во Струга и Вевчани навреме отворени сите избирачки места

Во Струга и Вевчани навреме отворени сите избирачки места

Струга, 24 април 2024 (МИА) - Сите 101 избирачко место за првиот круг од претседателските избори во општина Струга утрово беа отворени во 7 часот, потврди за МИА претседателот на Општинската изборна комисија Минир Жута.

- Гласањето почна навреме и во трите избирачки места во општина Вевчани, информира претседателката Менка Кукоска.

Гласањето, според претседателите на изборните комисии, во двете општини се одвива непречено, без никакви проблеми.

Во општина Струга во единствениот избирачки список регистрирани се 60.894 гласачи, од кои 132 болни и изнемоштени вчера го оствариле своето гласачко право, додека во Вевчани има 2.072 регистрирани гласачи, а четворица болни и изнемоштени гласале вчера. сс/цр

Фото: МИА архива

Остани поврзан