• вторник, 02 јули 2024

Во Скопје иречени 114 сообраќајни санкции

Во Скопје иречени 114 сообраќајни санкции

Скопје, 1 јуни 2024 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Скопје продолжува со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 114 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, шест санкции за користење мобилен телефон при возење, седум мерки за минување на затворен сигнал - црвено светло, шест санкции за некористење на сигурносен појас...

МВР соопшти дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта. ев/

ФОТО: МИА Архива 

Остани поврзан