• петок, 22 ноември 2024

Во Република Српска клеветата повторно е кривично дело, казна до 15.000 евра

Во Република Српска клеветата повторно е кривично дело, казна до 15.000 евра
Бања Лука, 2 март 2023 (МИА) - Во Република Српска клеветата повторно ќе стане кривично дело, иако пред повеќе од дваесет години беше декриминализирана во БиХ и нејзините ентитети и воведена во граѓанска парнична постапка. 

Министерот за правда на Република Српска, Милош Букејловиќ, денеска во Бања Лука изјави дека Владата на ентитетот го усвоила Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик на Република Српска, со кој се воведуваат нови кривични дела навреда и клевета.

Тој изјави дека казните за клевета ќе изнесуваат до 30.000 конвертибилни марки (повеќе од 15.000 евра), а за „кривични дела против честа и угледот“ до 50.000 KM (повеќе од 25.000 евра).

Министерот Букејловиќ оцени дека овие измени „не можат да ја загрозат слободата на говорот“.

„Доколку новинарите добро си ја вршат работата, не може да се доведат во ситуација да бидат доведени под некоја од овие кривични пријави“, рече тој, додавајќи дека не се предвидени затворски казни за клевета. паг/

 
 

Остани поврзан