• понеделник, 15 декември 2025

Во Пехчево започна Фестивалот на дувачки оркестри и Етно саемот „Пехчевски Павловден“

Во Пехчево започна Фестивалот на дувачки оркестри и Етно саемот „Пехчевски Павловден“

Пехчево, 12 јули 2025 (МИА) – Со настапите на Џамбо Агушеви оркестар, Дејан Петровиќ Биг Бенд, Кверкус Бенд, како и ди-џеј сетот на DJ BONO по полноќ, синоќа  беше отворен Фестивалот на дувачки оркестри - Пехчево 2025. Градоначалникот на Пехчево, Александар Китански, кој го отвори фестивалот, изјави дека овој настан претставува мост меѓу генерациите и дел од културниот идентитет на градот.

-Овој фестивал е дел од културната душа на Пехчево. Тоа е настан што го поврзува старото и новото, искуството и младоста, рече Китански пред присутните.

Фестивалот кој се одржува 15-та година по ред продолжува вечерва (12 јули, сабота) со програма што започнува во 19:00 часот, на која ќе настапат: Music Talent Show, детскиот фестивал „Поточиња“, дувачки оркестар Владимир Ивановиќ (Србија), дувачки оркестар Данијела (Србија), Brass Brothers.

Во рамки на настанот започна и 17-тото издание Етно саем ,,Пехчевски Павловден" на кој посетителите за времетраење на фестивалот може да уживаат во традиционални производи, занаети и локална гастрономија. 

Организатор е Општина Пехчево, со поддршка од културни институции и локални партнери. вс/мч/

Фото: МИА

Остани поврзан