• петок, 28 јуни 2024

Во Охрид ќе се реконструираат апартмани за сместување на лицата со телесен инвалидитет

Во Охрид ќе се реконструираат апартмани за сместување на лицата со телесен инвалидитет
Охрид, 9 март 2022 (МИА) - Членовите на Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет „Мобилност“ ќе добијат десет реконструирани апартмани, во комплексот „Охридати“ во Охрид, во рамките на проектот „Подигнување на енергетската ефикасност на јавните објекти“, што го спроведува Центарот за развој на Југозападниот плански регион, одобрен од страна на Министерството за локална самоуправа. Во реконструираните апартмани, како што информира Стојан Савески од Центарот за развој на Југозападниот плански регион, предвидено е да бидат сместени околу 700 членови во текот на туристичката сезона. - Реконструкцијата, која опфаќа повеќе компоненти, ќе го подигне нивото на енергетската ефикасност на објектите преку промена на надворешната и внатрешната столарија, зголемена изолација, а ќе бидат извршено и внатрешно преуредување и осовременување на објектите, појасни Савески. Центарот за развој на Југозападниот плански регион, додаде, во годинава реализира два поголеми проекти, односно подобрување на енергетската ефикасност на четири јавни објекти во општините Охрид, Дебрца, Кичево и Дебар и обезбедување садови за селектирање отпад и регулација на каналската мрежа во Пласница и Македонски Брод. За оваа намена, според Савески, обезбедени се 20 милиони денари, обезбедени преку Програмата за регионален развој на Бирото за регионален развој.сс/вј/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан