• понеделник, 23 декември 2024

Во општина Илинден се одржа Меѓународен детски фолклорен фестивал „Св.Троица“

Во општина Илинден се одржа Меѓународен детски фолклорен фестивал „Св.Троица“

Скопје, 4 јуни 2023 (МИА) - Во амфитеатарот „Галерија на отворено” при Домот на култура „Илинден”, се одржа меѓународниот детски фолклорен фестивал „Св.Троица”.

Како што информираат од Општина Илинден, фестивалот е во организација на КУД „Гоце Марковски” од Долно Лисиче и годинава се одржа по деветти пат, но за првпат во општина Илинден, настапи на културно уметничките друштва од земјава и странство.

-Фестивалот започна со дефиле каде сите учесници тргнувајќи од пред спортската сала „Гоце Делчев” се движеа по главната улица во Илинден се до Домот на култура „Илинден”, каде настапија културно уметнучки друштва од соседна Бугарија, Србија, како и неколку ансамбли од Скопје, КУД „Гоце Маркоски“ , АНПИ „Илинден“ , ФА „Седенка“ и ФА „Плетеница“, е наведено во соопштението.

На фестивалот меѓу присутните бил и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакнал дека Општина Илинден секогаш дава огромна поддршка на културните настани, а отсега па понатаму во агендата на културни случувања во наредните години ќе биде и овој меѓународен детски фолклорен фестивал.

Фестивалот има за цел преку фолклорот да се направи зближување помеѓу народите, и промоција на макеоднската култура и традиција. свс/ев/

Фото: Општина Илинден

Остани поврзан