• недела, 24 ноември 2024

Во Нигерија речиси 60.000 бегалци од Камерун

Во Нигерија речиси 60.000 бегалци од Камерун
Женева, 13 февруари 2020 (МИА) - Речиси 8.000 камерунски бегалци избегале во источна и јужна Нигерија во изминатите две недели, бегајќи од насилство меѓу безбедносните сили и сепаратистичките бунтовници, соопшти денеска Комесаријатот за бегалци на Обединетите нации. Во соопштението се наведува дека со новиот прилив на бегалци, бројот на луѓе кои избегале во Нигерија достигна речиси 60.000. УНХЦР и натаму очекува прилив на бегалци, по информациите дека многу луѓе се наоѓаат во оддалечените погранични области каде што се обидуваат да стигнат до Нигерија. паг/

Остани поврзан