Во Крива Паланка собрани 107 единици крв
- - На денешната крводарителска акција во организација на Црвен Крст на Северна Македонија, општинска организација Крива Паланка, собрани се 107 единици крв.
Крива Паланка, 7 февруари 2024 (МИА) - На денешната крводарителска акција во организација на Црвен Крст на Северна Македонија, општинска организација Крива Паланка, собрани се 107 единици крв.
Ова е втора акција за крводарување во општината од почетокот на годината. Денешниот акција се одржа училишната спортска сала на основното училиште „Св.Јоаким Крчовски", зграда Партизан.
Акцијата беше наменета за одделение за внатрешни работи Крива Паланка, но се одзваа и голем број граѓани. Сите тие се животоспасители, повторно на браникот на хуманоста,за што им благодариме, рече секретарот на ОО Црвен Крст Крива Паланка, Дарко Пешовски.
Акцијата традиционално се реализира во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, Скопје.
На двете акции организирани за граѓаните на Крива Паланка и Ранковце во 2024 година, собрани се вкупно 159 единици крв. ид/
Фото: ОО Црвен Крст Крива Паланка