• недела, 07 јули 2024

Во Иран минатата година зголемен бројот на смртни казни за 75 проценти

Во Иран минатата година зголемен бројот на смртни казни за 75 проценти

Техеран, 14 април 2023 (МИА) - Иранската група за човекови права со седиште во Норвешка (ИХР) и групата Заедно против смртната казна (ЕЦПМ) со седиште во Франција соопштија дека во Иран лани се извршени 582 смртни казни.

Тоа е најголем број погубувања во Иран од 2015 година, а за 75 отсто повеќе со споредба со 2021 година, се наведува во заедничкото соопштение на ИХР и ЕЦПМ.

Се оценува дека зголемениот број смртни казни се со цел да се уплашат демонстрантите против режимот.

Најголемиот број смртни казни, најмалку 544 се извршени над лица обвинети за убиство и за кривични дела поврзани со дрога.

Смртната казна во Иран се извршува со бесење. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан