• петок, 22 ноември 2024

Новиот шеф на британската дипломатија сака избалансиран пристап кон војната на Блискиот Исток

Новиот шеф на британската дипломатија сака избалансиран пристап кон војната на Блискиот Исток

Лондон, 7 јули 2024 (МИА)  - Велика Британија сака избалансирана позиција за војната на Блискиот исток и ќе вложи дипломатски напори за да се обезбеди постигнување примирје и ослободување на заложниците кои ги држи палестинската милитантна група Хамас, изјави новиот шеф на британската дипломатија, Дејвид Лами.

Британските медиуми соопштуваат дека Лами се наоѓа во посета на Германија, што е негово прво патување во странство по убедливата победа на лабуристите на изборите во петокот.

 -Дојде време Обединетото Кралство повторно да се поврзе со надворешниот свет, рече Лами.

Во интервју за Ројтерс тој истакна дека нивната позиција за војната на Блискиот Исток е многу јасна.

-Сакаме да видиме прекин на огнот и ослободување на заложниците, рече Лами, додавајќи дека борбите мора да престанат и да пристигне помош.

 Тој нагласи дека ќе ги искористи сите дипломатски напори за да се постигне примирје, но не даде повеќе детали за ова прашање.

 Лами, исто така, посочи дека Велика Британија сака да ги ресетира своите глобални позиции за прашања како што е климатската криза, но и клучните односи со Европејците и новите сили.

 -Да ги оставиме годините на Брегзит зад нас, има многу што можеме да направиме заедно, рече тој, мислејќи на претходната идеја за безбедносен пакт меѓу Велика Британија и ЕУ.

 Шефот на британската дипломатија утре ќе отпатува во Полска и Шведска, каде што неговите разговори ќе се фокусираат на прашања за НАТО и војната во Украина, соопштија од неговиот кабинет.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан