• среда, 18 декември 2024

Во Израел денеска е ден на протести, со барање за распишување избори

Во Израел денеска е ден на протести, со барање за распишување избори

Ерусалим, 7 јули 2024 (МИА) - Во Израел за денеска се најавени протести на кои групи антивладини активисти ќе бараат распишување избори.

Активистите најавија дека ќе ги блокираат главните патишта, а протестите треба да завршат со масовни антивладини демонстрации пред седиштето на израелската армија во Тел Авив, пишува „Џерусалим Пост“.

Протестите се одржуваат на денот кога пред девет месеци палестинската милитантна група Хамас го нападна јужен Израел, убивајќи околу 1.200 луѓе и киднапирајќи 251 заложник, главно цивили.

На почетокот на денешните протести, организирани од антивладини активистички групи низ Израел, активистите се собраа во кибуцот Ор Ханер, во близина на границата со Појасот Газа, за да пуштат црни и жолти балони по повод девет месеци од нападот на Хамас.

Се верува дека 116 заложници се уште се во Појасот Газа, но не сите се живи.

Израелскиот весник потсетува дека Хамас досега ослободи 105 цивили за време на еднонеделното примирје постигнато на крајот на ноември минатата година, а со интервенција на израелската армија беа спасени седум заложници, додека се пронајдени телата на 19 заложници, меѓу кои и телата на три лица кои загинаа поради погрешна проценка на израелската армија.сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан