• сабота, 18 мај 2024

Во Израел убиени Непалци, Французи, Тајланѓани...

Во Израел убиени Непалци, Французи, Тајланѓани...

Катманду, 9 октомври 2023 (МИА) - Министерството за надворешни работи на Непал соопшти дека десет Непалци се убиени во судирите во Израел.

Истовремено, француското Министерство за надворешни работи соопшти дека во судирите е убиен еден француски државјанин, а осуммина се водат како исчезнати.

Министерството за надворешни работи на Тајланд денеска соопшти дека од избувнувањето на новиот бран конфликти во Израел загинале 12 државјани на таа земја, од кои 11 се киднапирани, а осуммина се ранети.

„Работиме на обезбедување помош на сите тајландски граѓани во Израел“, рече портпаролката на министерството Канчана Патарачока.

На местото каде што се одржува фестивалот на техно музика, недалеку од границата со Газа, се пронајдени 260 тела. Ова е една од локациите што во саботата ги нападнаа припадници на Хамас. На Фестивалот имаше многу странски државјани. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан