• петок, 22 ноември 2024

Во ДХО „Даре Џамбаз“ пуштен во употреба Гејминг центар наменет за младите бегалци и млади од локалното население кои припаѓаат на ранливите категории лица

Во ДХО „Даре Џамбаз“ пуштен во употреба Гејминг центар наменет за младите бегалци и млади од локалното население кои припаѓаат на ранливите категории лица

Скопје, 18 октомври 2024 (МИА) – Во рамки на партнерството помеѓу УНХЦР и Црвениот крст на Град Скопје, денеска во ДХО „Даре Џамбаз“ беше пуштен во употреба Гејминг центар за млади, кој кој ќе биде наменет за користење на младите бегалци, баратели на азил, како и млади од локалното население кои припаѓаат на ранливите категории лица.

На отворањето беше присутен претставникот на УНХЦР, Габриел Гуалано де Годој кој испрати порака до децата и нивните родители, како и до целиот свет дека партнерството на УНХЦР со Црвениот крст и земјите донатори го гради светот кон иднината.

– Бидете сигурни дека ова ќе биде многу важно за развојот на децата, па затоа сме уверени дека ова е биде ден за паметење, како и целиот процес и проект. Мојата порака до светот е дека со заедничко партнерство, Црвениот крст, УНХЦР, Владата, земјите донатори и приватниот сектор, го гледаме светот светот на иднината со порака за солидарност и мирен соживот, рече Гуалано де Годој.

Додаде дека силно верува во трансформативната моќ на вклучувањето и учењето на нови вештини.

– Среќен сум што го отвораме Центарот и силно верувам во трансформативната моќ што ја има вклучувањето, поминувањето структурирано време заедно, учењето нови вештини, но исто така и играта, споделувањето хоби и слободно време со врсниците. Сето тоа е клучно за добросостојбата и успешната интеграција на младите присилно раселени луѓе во општеството, додаде Гуалано де Годој.

Александра Валкановска од Црвен крст, посочи дека Центарот е опремен со 10 гејмерски компјутери со соодветен софтвер, игри и периферни уреди, а во рамки на активностите ќе се реализира програма за дигитално слободно време спроведена од страна двајца едукатори за дигитални содржини. 

– Преку структуриран пристап овозможено ќе биде присилно раселените лица и младите од локалните средини да поминуваат време заедно, да учествуваат во дигитални слободни активности и да се стекнат со дигитални вештини и знаења, рече Валкановска.

Проектот е поддржан од Службата за иновации при УНХЦР преку Фондот за дигитални иновации, врз основа на минати истражувања на полето дигитално слободно време, физибилити студијата за хуманитарен ангажман со видео игри и консултации со присилно раселените луѓе. ра/са/

Фото: МИА

 

Остани поврзан