• сабота, 12 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во Делчево одбележани 83 години од почетокот на антифашистичкото востание

Во Делчево одбележани 83 години од почетокот на антифашистичкото востание

Делчево, 11 октомври 2024 (МИА) - Со пригодна свеченост, Општина Делчево одбележува 83 години од  почетокот на антифашистичкото востание, 11 Октомври. По тој повод, делегација на Општина Делчево, претставници од институции,  политички партии, здруженија на граѓани, се поклонија и свежо цвеќе положија на споменикот на паднатите борци во центарот на градот.

Во рамките на одбележувањето, членовите на КУД „Гоце Делчев“ преку реферат потсетија на приликите кои претходеа на Востанието, начинот на кој беше реализиран првиот вооружен напад во Прилеп и во Куманово, но се осврнаа и на значењето на Востанието, како важен момент во борбата за самостојност на македонскиот народ и сопствена држава.

Имињата на 50 учесници во НОБ од Делчевскиот регион се испишани на споменикот во центарот на Делчево. вс/аа/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан