• вторник, 09 јули 2024

Во Дебар успешно реализирана втората фаза од запрашувањето против комарци

Во Дебар успешно реализирана втората фаза од запрашувањето против комарци

Дебар, 9 јули 2024 (МИА) - Општина Дебар информираше дека успешно е завршена втората фаза од дезинсекцијата против комарци на подрачјето на општината.

-Синоќа успешно е реализирано второто  програмско запрашување против комарци на подрачјето на Општината, што е во рамките на годишната програма за 2024 година за заштита на населението од заразни болести. Оваа активност е насочена кон спречување на штети и здравствени ризици, како и одржување на хигиената и безбедноста во средината каде што живееме и работиме, информираа од општина Дебар.

Дезинсекцијата беше извршена теренски (од земја) со апарат за УЛВ ладно запрашување. Опфатени беа зелените површини во општината, крајбрежјето на Дебарско Езеро, депониите и пограничниот појас, урбаната населба Дебар, како и останати локалитети предвидени со планот и програмата.

-Претходно, кон крајот на мај, успешно беше спроведена првата фаза од дезинсекцијата против комарци и  дератизација (третман против стаорци) во градот,  заради  заштита од разни заразни и паразитски заболувања, што ги пренесуваат глодарите и тоа во различни средини како згради, деловни и други средини, шахти,  стои во објавата. 

Ваквите активности во општината се реализираат редовно секоја година, врз основа на одлука на Советот на општината. вт/са/

Фото: Општина Дебар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан