• вторник, 05 ноември 2024

Во дебарската гимназија во прва година запишани 166 од превидените 272 ученика

Во дебарската гимназија во прва година запишани 166 од превидените 272 ученика

Дебар, 24 август 2022 (МИА) - Во дебарската гимназија „28 Ноември“ во двата уписни рока, во прва година, запишани се 166 ученици, што е 61 отсто од предвидената квота со Конкурсот на министертвото за образование и наука. 

-Во прва година за новата 2022/23 учебна година, во прва година можност за упис имаа 272 завршени основци, во осум паралелеки, три со настава на македонски и пет на албански наставен јазик. Во двата уписни рока запишани се 166 ученици што е 61 отсто од предвиената квота, изјави за МИА, директорот Рамадан Имери.  

 

Гледано по наставен јазик, на македонски предвидено било да се запишат 102 ученика, а пополнети се 46, додека на албански наставен јазик, од предвидените 170 пополнети се 120 ученички места. 

Главна прчина за се помалиот број ученици години на ред е масовната миграција, а тука секако и определбата на дел од завршените основци школувањето да го продолжат во некое средно стручно училиште во земјава. вт/сст/ 

Остани поврзан