• среда, 02 октомври 2024

Во два одвоени напади во Иран шестмина мртви

Во два одвоени напади во Иран шестмина мртви

Техеран, 1 октомври 2024 (МИА) - Неидентификувани вооружени лица денеска убија шест лица во два напади на југот на Иран, вклучувајќи го и локалниот шеф на Револуционерната гарда, објави државната телевизија.

Во вториот напад загинаа и претседателот на градскиот совет и двајца членови на доброволците на гардата.

Според извештајот, нападот бил по училишна прослава на која присуствувале во градот Никшахар, 1.350 километри југоисточно од главниот град Техеран.

Двајца полицајци се убиени во друг напад во градот Кас, се наведува во соопштението.

Никој веднаш не ја презеде одговорноста за нападите. рп/

Фото: МИА архива



 

Остани поврзан