• четврток, 02 јануари 2025

Германија издвојува 60 милиони евра за проекти во Сирија

Германија издвојува 60 милиони евра за проекти во Сирија

Берлин, 30 декември 2024 (МИА) - Германското Министерство за развој денеска соопшти дека земјата ќе поддржи проекти во Сирија со 60 милиони евра, во областа на образованието, правата на жените и други области, по соборувањето на претседателот на земјата Башар ал Асад.

Проектите за обнова во Сирија, во кои ќе учествува и Германија, ќе се реализираат преку невладини и меѓународни организации.

Германската министерка за развој Свења Шулце во пишана изјава наведува дека „историскиот прозорец“ се отворил откако бунтовниците ја презедоа контролата врз Дамаск на 8 декември, принудувајќи го Асад да ја напушти земјата по повеќе од 13 години граѓанска војна во Сирија, со што заврши повеќедецениското владеење на неговото семејство.

„Што ќе се случува понатаму се уште не е одлучено. Но, можност за позитивен развој постои и сега треба да направиме се што можеме тоа да го поддржиме“, рече Шулце. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан