Повеќекратно убиство во Цетиње, медиумите јавуваат за седум убиени, меѓу кои и деца
- Седум лица, меѓу кои две деца, се убиени, а неколку се ранети денеска во Цетиње, кога вооружен маж пукал врз нив, по што избегал и засега е недостапен за полицијата.
Подгорица, 1 јануари 2025 (МИА) - Седум лица, меѓу кои две деца, се убиени, а неколку се ранети денеска во Цетиње, кога вооружен маж пукал врз нив, по што избегал и засега е недостапен за полицијата.
Радио-телевија Црна Гора објави дека осомничен за убиствата е Ацо Мартиновиќ (45) од Цетиње. Според полицијата, по расправија во кафуле во цетињската населба Бајица, тој пукал и убил најмалку четири лица, од кои некои се членови на неговото семејство,. По пукањето во кафулето, осомничениот убил уште неколку лица, меѓу кои и деца.
Мартиновиќ е вооружен и е во бегство, а полицијата трага по него и ја објави неговата фотографија.
Цетиње е под полициска опсада и специјални полициски сили се испратени во градот.
Цетињани се вознемирени, а полицијата апелира до граѓаните да останат смирени и во своите домови, бидејќи лицето е вооружено и опасно.
Според првичните сознанија на полицијата, убиството не е поврзано со криминални пресметки.мс/
Фото: РТЦГ