• понеделник, 23 декември 2024

Во Градскиот парк дефиле за одбележување на месецот на борба против ракот на дојки

Во Градскиот парк дефиле за одбележување на месецот на борба против ракот на дојки

Скопје, 27 октомври 2023 (МИА) - Во Градскиот парк во Скопје денеска со дефиле што се одржа по повод одбележувањето на месецот на борба против ракот на дојки, беше испратена порака за подигање на свесноста за потребата од информираност, превенција, самопрегледи и редовни лекарски прегледи.

- На над 300 жени од градската администрација им беа овозможени ехо и мамографски прегледи со цел превенција и подигнување на свесноста за опасноста од ракот на дојки. Во исто време сакаме да нагласиме дека навременото откривање на овој вид на рак значи шанса за соодветно лекување, шанса за живот. Затоа, за нас свесноста за оваа болест треба е фокусот 365 дена во годината, со редовните прегледи, но и за подигање на свесноста за ризиците и важноста на контролата и превенцијата, нагласила денеска градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, стои во соопштението од Град Скопје. цр/са/

Фото: Град Скопје

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан