• сабота, 27 јули 2024

Во Виница одбележана 23-годишнината од загинувањето на армискиот капетан Кирчо Димитриов

Во Виница одбележана 23-годишнината од загинувањето на армискиот капетан Кирчо Димитриов

Виница, 4 март 2024 (МИА) – Со панихида и кратко потсетување на имињата на загинатите македонски бранители од воените дејствија во 2001 година, денеска во Виница беше одбележана 23-годишнината од трагичната смрт на капетанот Кирчо Димитриов.

Организатори на настанот беа Организацијата резервните офицери и Општина Виница, а присуствуваа претставници од Армијата, од локалните институции, училиштата, како и членови на семејството кои положија свежо цвеќе на спомен бистата во дворот на Локалната самоуправа.

-По 23 години не стивнуваат емоциите во кои се преплетува доза на огорченост и револт од неправедната смрт на 75 припадници на македонските безбедносни сили. Овде сме јавно да искажеме почит кон ликот и делото на нашиот капетан Димитриов кого смртта го затекна додека несебично и беспрекорно ги извршуваше задолженијата и обврските што ги доби од неговите претпоставени. Достоинствено го чуваме споменот на него, затоа што добивме херој во моментите кога државата го имаше можеби најтешкиот период од својата историја. Загубивме родител и добар човек, за што сочувствуваме со семјството, но добивме граѓанин кој служи за пример, истакна Александар Јовановс, член на Советот на Општина Виница.

Во рамки на одбележувањето на годишнината од трагичниот настан, ученици од ОУ „Гоце Делчев“ од Виница приредија рецитал, а учествуваше и училишнио9т хор.

Капетанот Димитриов, кој беше командир на Третата моторизирана чета, заедно со војниците Дејан Јакимовски од Куманово и Теодор Стојановски од скопско Драчево, настрадаа од поставена мина во близина на караулата кај селото Танушевци.та/са/

Фото: МИА

Остани поврзан