• сабота, 23 ноември 2024

Во Битола се одржа спортско-рекреативната манифестација „Трчај, бе“

Во Битола се одржа спортско-рекреативната манифестација „Трчај, бе“
Битола, 4 септември 2022 (МИА) - Повеќе од 1.400 атлетичари, спортисти и рекреативци од 12 држави учествуваа на традиционалната спортско-рекреативна манифестацијата „Трчај бе“, која се одржа денеска во Битола. Годинава покровител и поддржувач на манифестацијата која воедно беше е и Национално првенство во полумаратон, беше Општина Битола. -Манифестацијата станува се помасовна и попосетена. Врвни атлетичари од повеќе земји и домашни вљубеници во трчањето, трчаат на трите патеки долги 5, 10 и 21 километар низ Битола, а убеден сум дека така ќе биде и договодина на малиот јубилеј, односно на петтото издание, истакна градоначалникот Тони Коњановски. За време на манифестацијата, СВР-Битола го регулираше сообраќајот во градот кој на повеќе сообраќајници беше со посебен режим, волонтерите овозможија логистичка поддршка за сите учесници, а за публиката беше приредена забавна програма на повеќе локации во градот. мт/аа/  

Остани поврзан