• сабота, 05 октомври 2024

Во Берово отворена средба на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација со граѓаните и локалните институции

Во Берово отворена средба на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација со граѓаните и локалните институции

Делчево, 21 септември 2023 (МИА) - Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) продолжува со отворените средби со граѓаните, претставниците на граѓанскиот сектор и институциите на локално ниво. Во салата на Советот на Општина Берово денеска ќе се одржи средба како дел од активностите кои Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ги презема во насока на приближување на својата работа до граѓаните и зголемување на нејзината транспарентност.

-Отворените средби претставуваат и можност за продлабочување на соработката со граѓанскиот сектор и институциите на локално ниво, со цел подигнување на степенот на препознавање на дискриминацијата, поголема мобилизација во општеството и заедничко делување во борбата сите нејзини облици. Целта на овие отворени средби е дополнително да ја унапредиме комуникацијата со граѓанскиот сектор и локалните институции околу надлежностите и начинот на постапување на Комисијата, а и да ја утврдиме нивната улога во целиот тој процес, затоа што само со заедничко делување можеме полесно да ги препознаеме и поефикасно да се бориме против сите облици на дискриминација во општеството, се вели во поканата за настанот.

Претседателот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација Исмаил Камбери, упатувајќи покана до сите заинтересирани граѓани од Берово и неговата околина да присуствуваат на отворената средба со претставниците на Комисијата додаде дека истовремено, овие средби овозможуваат, преку отворен дијалог со граѓаните и разгледување на конкретни примери, да им се помогнеме тие полесно да го осознаат институционалниот пат за решавање на предизвиците со кои се соочуваат во секојдневниот живот, а кои претставуваат пречка за натамошното унапредување на човековите права и еднаквоста во нашата земја.

До крајот на овој и почетокот на следниот месец планирано е да се реализираат  дополнителни четири отворени средби, во исто толкав број општини. 

Ваквите активности се реализираат со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје. вс/вг/

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан