• понеделник, 23 декември 2024

Во Австрија стапи во сила забраната за пластични кеси

Во Австрија стапи во сила забраната за пластични кеси
Виена, 2 јануари 2020 (МИА) – Во Австрија од почетокот на годината се применува забраната за продажба на еднократно употребливи пластични кеси. Законот предвидува преоден период до крајот на 2020 година, со цел да им се овозможи на фирмите да ги потрошат пластичните кеси во магацините. Од забраната се изземени биолошко разградливите кеси и тие кои се произведуваат од биолошки материјал. Но, Законот и наиде на критики од организациите за заштита на животната средина. Тие наведуваат дека во Австрија има околу 7.000 тони пластичен отпад поради пластичните шишиња и кеси и затоа бараат забрана и на пластичната амбалажа. ми/

Остани поврзан