• среда, 27 ноември 2024

Во австралиската држава Викторија се воведува еднонеделен карантин

Во австралиската држава Викторија се воведува еднонеделен карантин
Канбаера, 27 мај 2021 (МИА) - Околу седум милиони жители на австралиската држава Викторија од денеска ќе бидат во еденонеделен карантин со цел да се спречи ширење на Ковид-19. - Граѓаните на втората најнаселена австралиска сојузна држава ќе можат да ги напуштат домовите само за важни работа, од здравствени причини, за пазарување или вежбање, изјави вршителот на должноста премиерот на Викторија, Џејмс Мерлино. Рестриктивните мерки стапуваат во сила денеска на полноќ по локално време (13 часот и 59 минути по Гринич) и ќе бидат во сила до 3 јуни. Мерките се вовердуваат откако во изминатите 24 часа регистрирани се 12 новозаразени со Ковид-19 во Мелбурн, со што бројот на инфицирани во текот на неделата се искачи на 26 луѓе. ми/

Остани поврзан