• сабота, 21 декември 2024

Водата во Скопје безбедна за пиење

Водата во Скопје безбедна за пиење

Скопје, 20 мај 2024 (МИА) - Согласно добиените резултати од испитувања, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, соопштија попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.

Неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење е добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Овој сектор од 13 до 17 мај зел 194 примероци за физичко-хемиска и уште толку за микробиолошка анализа на вода за пиење од 48 мерни места во градот. бд/аа/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан