• сабота, 21 декември 2024

Водата во Скопје безбедна за пиење

Водата во Скопје безбедна за пиење

Скопје, 2 септември 2024 (МИА) - Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат податоците од направените анализи на 162 примерока од 43 мерни места.

-Секторот за санитарна контрола во периодот од 26-ти до 30 август зема 162 примероци за физичко-хемиска и 162 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 43 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје.

Јавното претпријатие, како што се наведуваат оттаму, со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, овие податоци ги објавува во неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. сст/

фото МИА архива

Остани поврзан