• понеделник, 15 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со својата поданичка политика и сервилност ја доведе  Македонија до негирање од страна на Бугарија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со својата поданичка политика и сервилност ја доведе  Македонија до негирање од страна на Бугарија

Скопје, 12 јули 2025 

Поданичката политика исполнета со сервилност од страна на СДС ја доведе Македонија во понижувачка позиција каде Бугарија отворено ја негира македонската нација, македонскиот јазик и идентитет.

Работите кои до неодамна беа незамисливи дури и за најрадикалните кругови во бугарската политика поради апсурдноста и понизноста на Заев и Филипче во нивното политичко дејствување денес станаа реалност.

Сервилноста на Пендаровски, Заев и Филипче ја доведе државата до историски пораз, каде наместо негување на вековната традиција и заштита на државните интереси станавме предмет на негирање и понижување од страна на Бугарија.

Политиката на „Бојко љубави, те поздрави Зоки“ заврши со неуспех и со  бришење на македонскиот јазик и идентитет од Извештајот на Европскиот Парламент.

Последиците од политиките на виткање кичма денес се јасно видливи а штетите кои ги нанесе СДС се катастрофални.

Државата ќе беше уште подлабоко заглавена доколку ВМРО-ДПМНЕ не заземеше цврст став и не се спротиставеше на овие погубни политики.

Фактот дека македонскиот јазик и идентитет се избришани од европски документи, е доказ дека Бугарија никогаш не била искрено заинтересирана за вметнување на Бугарите во македонскиот Устав. Напротив, тоа беше само изговор за негирање на целото македонско постоење.

ВМРО-ДПМНЕ испраќа јасна порака дека Македонија нема да направи ниту еден чекор понатаму без целосна почит од Бугарија и цврсти гаранции од европските институции.

Бугарија ги злоупотребува европските механизми, и го киднапира целиот процес на европска интеграција.
 

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан