ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче треба да престанат да ја кодошат Македонија и да измислуваат проблеми кои ги нема
- СООПШТЕНИЕ - СДСМ и Филипче треба да престанат да ја кодошат Македонија и да измислуваат проблеми кои ги нема, а поттикнати од Бугарија.
Скопје, 14 јули 2025
СДС и Филипче треба да престанат да ја кодошат Македонија и да измислуваат проблеми кои ги нема, а поттикнати од Бугарија.
СДС и Филипче се најдобра продолжена рака на шовинистичките политики на Софија.
Наместо да ја прифатат подадената рака од претседателот Мицкоски, СДС и Филипче мислат како да ја искодошат државата.
Ова што го гледаме сега е продолжение на политиките на Заев и Бојко љубави, ова не е ништо друго, освен распродажба на државата.
Добро е што Филипче денес целосно се демаскираше, секој може да види која му е вистинската намера и како би постапувал ако е власт. Филипче ќе биде Заев 2.0.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
______________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки