• среда, 03 јули 2024

Влаховиќ подготвен да ја продолжи кариерата во ПСЖ

Влаховиќ подготвен да ја продолжи кариерата во ПСЖ

Париз, 13 јули 2023 (МИА) - Напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ сака да ја продолжи кариерата во ПСЖ, тврди новинарот Алфредо Педуља.

 

Парижаните се подготвени да го купат играчот за 70 милиони евра. Во блиска иднина клубовите ќе разговараат за евентуален трансфер на Србинот.

 

Влаховиќ во Јувентус е од јануари минатата година. Договорот на играчот со клубот од Торино истекува во летото 2026 година.

 

Во сезоната 2022/23, Влаховиќ забележа 42 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи 14 голови и четири асистенции.

 

Порталот „Transfermarkt“ ја проценува вредноста на играчот на 70 милиони евра. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан