• понеделник, 08 јули 2024

Влаховиќ во летниот преоден рок би можел да се пресели во Арсенал

Влаховиќ во летниот преоден рок би можел да се пресели во Арсенал

Лондон, 5 април 2023 (МИА) - Напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ може да ја продолжи кариерата во Арсенал.

 

Според „Дејли мирор“ 23-годишниот Србин е подготвен да размислува за преселба во лондонскиот клуб ова лето. Тренерот на „топчиите“ Микел Артета сакаше да го добие играчот минатата година, но тогаш фудбалерот ја одби понудата.

 

Влаховиќ е во Јувентус од јануари 2022 година. Во тековната сезона постигна 11 гола и четири асистенции на 30 натпревари во сите натпреварувања.

 

Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на напаѓачот на 75 милиони евра. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан