Владата на Словенија од сабота воведува контроли на границите со Хрватска и Унгарија
- Словенечката Влада денеска одлучи од сабота да воведе контрола на границите со Хрватска и Унгарија. Контролните мерки ќе траат 10 дена, со можност тој период да се продолжи.
Љубљана, 19 октомври 2023 (МИА) - Словенечката Влада денеска одлучи од сабота да воведе контрола на границите со Хрватска и Унгарија.
Контролните мерки ќе траат 10 дена, со можност тој период да се продолжи.
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ претходно на владината седница изјави дека станува збор за привремени мерки кои веќе ги воведуваат девет земји-членки на ЕУ.
- Шенгенот не е завршен, но има проблем. Воведувањето гранични контроли не е новина, тоа доаѓа поради миграциските трендови и проценките за зголемените безбедносни закани поради тероризмот“, рече Пленковиќ.
Претходно Рим ја извести Љубљана дека поради променетата состојба во Европа и Блискиот Исток воведува гранични контроли со Словенија.
-Словенечкото МВР подготвува известување до Европската комисија за воведување гранични контроли, согласно шенгенските правила. Станува збор за предлог за привремена мерка поради зголеменото ниво на проценка на терористичка закана во земјите од ЕУ, изјави словенечкиот министер за внатрешни работи Боштјан Поклукар. ссм/
фото: