Висок советник на Зеленски разговараше со Блинкен и Саливан за американската помош и Северна Кореја
- - Разговаравме за Планот за победа на Украина, имплементацијата на Формулата за мир, фронтовите, вооружувањето и севернокорејските војници кои Русија ги подготвува за војна, изјави Јермак по средбата со Саливан.
Вашингтон, 30 октомври 2024 (МИА) - Високиот советник на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, Андриј Јермак, разговараше за поддршката на Украина и вклученоста на Северна Кореја во војната на Русија со советникот за национална безбедност на САД, Џејк Саливан, и државниот секретар, Ентони Блинкен.
- Разговаравме за Планот за победа на Украина, имплементацијата на Формулата за мир, фронтовите, вооружувањето и севернокорејските војници кои Русија ги подготвува за војна, изјави Јермак по средбата со Саливан.
Јермак нагласи дека воената помош за Украина, санкциите против Русија и засилувањето на притисокот врз сојузниците на Москва се од клучна важност.
Војната во Украина, која трае две и пол години, добива нов опасен пресврт, бидејќи НАТО и Јужна Кореја изразија загриженост поради придружувањето на севернокорејски војници на руските сили.
При посетата во Вашингтон, една недела пред претседателските избори во САД, Јермак разговараше и со Блинкен за американската воена и економска помош, се наведува во соопштението на Стејт департментот.
„Секретарот ја потврди долгогодишната поддршка на САД за суверенитетот на Украина во борбата против бруталната агресија на Русија и поддршката за праведен и траен мир базиран на Повелбата на ОН“, се вели во соопштението.
САД се силен сојузник на Украина за време на претседателството на Џо Бајден, обезбедувајќи воена помош од над 50 милијарди долари од 2022 година, кога Русија ја започна инвазијата. ссм/
фото: архива