• недела, 22 декември 2024

Виолината на народниот херој Стив Наумов од денеска во битолскиот Музеј

Виолината на народниот херој Стив Наумов од денеска во битолскиот Музеј

Битола, 9 октомври 2024 (МИА) - Виолината на народниот херој Стив Наумов, на која како гимназијалец свирел во своето слободно време, од денеска е во НУ Завод и Музеј-Битола.

Од националнаta установа соопштија дека по примопредавањето на виолината од Стефан Бошков, внук на народниот херој Стив на директорот на битолскиот Музеј, Зоран Николовски, виолината ќе биде заштитена и јавно изложена во обновената Спомен куќа на Стив Наумов што се наоѓа во непосредна близина на истоименото основно училиште во Битола.мт/

Фото: НУ Завод и Музеј-Битола

Остани поврзан