Велковски ги посети пензионерите од Општина Аеродром
- Техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски денеска одржа средба со пензионерите од Градскиот сојуз на здруженија на пензионери Скопје, на која од пензионерите повторно беа истакнати лошите и нехумани услови во државните домови за згрижување на стари лица и ниските пензии како приоритетни работи на кои што идната влада ќе мора да работи, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Скопје, 23 март 2024 (МИА) - Техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски денеска одржа средба со пензионерите од Градскиот сојуз на здруженија на пензионери Скопје, на која од пензионерите повторно беа истакнати лошите и нехумани услови во државните домови за згрижување на стари лица и ниските пензии како приоритетни работи на кои што идната влада ќе мора да работи, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Според Велковски, во Македонија има вкупно 342.217 пензионери од кои, како што рече, дури над 60 проценти се со месечни примања под минималната пензија, односно под 20.000 денари.
-Значи оваа категорија граѓани коишто по правило треба да бидат столбот на ова општество, се оставени да преживуваат со по 13-14.000 денари месечно и наводните покачувања од по 600 или 700 денари не можат да ја сменат сликата дека ситуацијата е алармантна. Од посетите по домовите за грижа на стари лица загрижувачка е сликата и гледам дека воопшто и не се вложувало во објектите со што ќе им пружиме достојни услови за живеење таму, рекол Велковски.
На покана на градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски, техничкиот министер за труд и социјална политика Велковски денеска присуствуваше на еден од часовите по пливање кои се реализираат во рамки на проектот „Бесплатно пливање“ за ученици од прво одделение и дечињата со попреченост од општината. сст/вј/
фото МТСП