• недела, 17 ноември 2024

Велика Британија повлече дел од персоналот од амбасадата во Либан

Велика Британија повлече дел од персоналот од амбасадата во Либан

Лондон, 6 ноември 2023 (МИА) - Дел од персоналот и нивните семејства привремено се повлекоа од британската амбасада во Либан, поради зголемените тензии во регионот.

Форин Офисот како причина за овој потег ја наведе „безбедносната ситуација“.

Тоа се случува бидејќи во последните недели има зголемување на прекуграничното насилство меѓу либанскиот Хезболах и израелската војска.

Либанските државни медиуми вчера објавија дека три деца и нивната баба биле убиени во израелски напад во јужен Либан. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан