• четврток, 26 декември 2024

Лидерот на германските социјалдемократи ги повика своите сопартијци да застанат зад Олаф Шолц

Лидерот на германските социјалдемократи ги повика своите сопартијци да застанат зад Олаф Шолц

Берлин, 17 ноември 2024 (МИА) - Копретседателот на германската Социјалдемократска партија (СДП), Ларс Клингбејл, изјави дека политичката формација стои зад канцеларот Олаф Шолц, кој е во тешка позиција среде претстојните предвремени парламентарни избори, јави ДПА.

-Олаф Шолц е канцелар. И сите ние кои сме одговорни во СДП јасно ставивме до знаење во последните денови дека стоиме зад него, рече Клингбејл на маргините на социјалдемократскиот форум во западниот град Есен. Тој нагласи дека СДП треба да даде приоритет на „содржината на федералната изборна кампања, а не на дискусијата за персоналот“.

Со оглед на нискиот рејтинг на Шолц, пак, во редовите на социјалдемократите се слушаат се повеќе гласови за поддршка на промовирањето на популарниот министер за одбрана Борис Писториус за кандидат за канцелар на СДП на изборите, кои се се очекуваат на 23 февруари, забележува ДПА.

Претходно оваа недела, Писториус ја изрази својата поддршка за кампањата за реизбор на канцеларот Олаф Шолц.

Блокот на конзервативната Христијанско-демократска унија/Христијанско-социјална унија (ЦДУ/ЦСУ) има големо водство пред СДП во анкетите на јавното мислење. Според истражувањето на социолошката агенција ИНСА, нарачана од „Билд“, најмногу гласови добиваат испитаниците од ЦДУ/ЦСУ – 32 отсто, додека поддршката за СДП изнесува само 16 проценти. мс/

фото: ЕПА

Тагови

Остани поврзан