• петок, 28 јуни 2024

Василево ја дислоцира дивата депонија од општинскиот центар

Василево ја дислоцира дивата депонија од општинскиот центар

Струмица, 22 февруари 2024 (МИА) - Василево деновиве ја дислоцира дивата депонија лоцирана во општинскиот центар, која се наоѓа во близина на големото фудбалско игралиште на површина од околу два хектари.

Од Општината информираат дека механизацијата работи веќе три дена на отстранување на отпадот, кој повеќе од една деценија го загадува центрачното подрачје на Василево.

-По завршувањето на сите активности на терен ќе пристапиме кон оградување на ова место и со тоа ќе испратиме порака до граѓаните дека Општина Василево бескомпромисно ќе се бори против сите кои ја загадуваат животната средина. Од овде сакам да апелирам до граѓаните во наредниот период, по дислокацијата на депонијата, повеќе да не фрлаат отпад тука, бидејќи ќе преземеме соодветни мерки и казни за оние кои нема да го почитуваат ова укажување, стои во пренесената изјава на градоначалникот Славе Андонов на општинската страница.

Наталожениот отпад од досегашната дива депонија ќе се пренесе во старата депонија во Василево и во депонијата „Шапкар“ кај селото Добрашинци. рт/дма/

Фото: Општина Василево

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан