• понеделник, 01 јули 2024

Ван Дајк ќе посети специјалист кој ќе ја процени комплексноста на повредата на коленото

Ван Дајк ќе посети специјалист кој ќе ја процени комплексноста на повредата на коленото
Ливерпул, 18 октомври 2020 (МИА) - Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк се повреди на натпреварот од 5. коло во Премиер лигата против Евертон (2-2). По натпреварот, фудбалерот отиде во болница, каде го сликаа повреденото колено. Тој ја напушти болницата со патерици. Сега Холанѓанецот треба да посети специјалист кој ќе ја процени комплексноста на повредата, пренесува „ESPN“. Претходно беше објавено дека на Ван Дајк му е дијагностицирана руптура на предниот вкрстен лигамент. Обновувањето на играчот ќе трае 7-8 месеци. зс/

Остани поврзан