• петок, 05 јули 2024

Ванг: Американските тврдења за Конзулатот се малциозна клевета

Ванг: Американските тврдења за Конзулатот се малциозна клевета
Пекинг, 23 јули 2020 (МИА) - Американските тврдења дека Кинескиот конзулат во Хјустон краде интелектуална сопственост се малциозна клевета, изјави денеска портопаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин. САД ја обвинија Кина за шпионажа и и дадоа рок од 72 часа да го затворат Конзулатот во Хјустон „за да ја заштитат американската интелектуална сопственост и приватните информации на Американците“. Американското Федерално истражно биро (ФБИ) верува дека една кинеска научничка обвинета за обид за измама при поднесувањње на барање за американска виза веќе еден месец се крие во Кинескиот конзулат во Сан Франциско. Ванг наведе дека Кина апелира до САД да престане да бара изговори за ограничување и заплашување на кинеските студенти во земјата. Претходно, „Саут Чајна морнинг пост“ повикувајќи се на неименувани извори објави дека Кина размислува да го затвори Конзулатот на САД во Ченгду, кој е главен град на кинеската провинција Сечуан. Покрај во Ченгду, во континенталниот дел на Кина има уште четири американски конзулати - во Гуангџоу, во Шангај, во Шенјанг и во Вухан, заедно со Генералниот Конзулат во Хонг Конг и Макао. Исто така, Кина размислува и за затворање на Американскиoт конзулат во Вухан. ми/

Остани поврзан