• сабота, 06 јули 2024

Вашингтон откажа воени маневри со Грузија на неодреден период

Вашингтон откажа воени маневри со Грузија на неодреден период

Вашингтон, 5 јули 2024 (МИА) - САД денеска објавија дека ги прекинуваат воените вежби со Грузија планирани за крајот на јули, како дел од преиспитување на односите со таа кавкаска држава.

Маневрите требаше да се одржат од 25 јули до 6 август, но се „одложени на неодредено време“, соопшти Пентагон.

Одлуката е донесена откако Грузија го усвои контроверзниот закон за „странско влијание“.зш/

Остани поврзан